Фондацијата за развој на мали и средни претприемништва - Скопје е основана во 1998 година во рамките на Интегралната програмата ФАРЕ за поддршка мали и средни претпријатија. Правниот статус на Фондацијата, е невладина и непрофитна организација.
Нејзини основачи се:
МИСИЈА
Воспоставување на конкурентска предност на Град Скопје преку поддршка и имплементација на иницијативите за забрзан локалниот економски развој и поддршка на програмите за прогресивен раст на малите и средни претпријатија.
ПРИОРИТЕТИ
Создавање на додадена вредност на економијата на Град Скопје, преку:
-
Создавање на поволно бизнис окружување со цел зголемување на конкурентноста на посоечките претпријатија како и иницирање на основањето на нови бизниси и нови сектори;
-
Поддршка на малите и средните претпријатија и промоција на концептот на претприемништвото;
-
Поддршка на невработените со цел подобрување на своите вештини и способности за вработување;
-
Подигнување на процентот на користење на расположливите кредитни линии;
-
Зајакнување на капацитетот на институционалните партнери на Фондацијата (на Град Скопје, општините во градот Скопје и невладиниот сектор);
-
Создавање и промовирање на нови партнерства за локален економски развој
-
Зголемување на вработеноста преку промовирање на нови алтернативни мерки за вработување;
-
Иницирање на меѓународна економска соработка преку развивање на култура на "партнерство по проекти" во меѓународните програми и иницијативи
-
Поддршка на трансферот на знаења и искуства преку промоција на примери на добра практика.
|